Кои сме ние

Тинтура е повеќе од продавница за бои – ние сме партнер на професионалци, архитектонски студија, градежни компании и сопственици на домови кои сакаат резултати што траат. Нашиот асортиман вклучува внатрешни и надворешни премази, бои за ѕидови, тавани, дрво, метал и подови, како и комплетна палета на алатки, валјаци, четки и заштитна опрема. Сѐ што нудиме е внимателно селектирано за да одговори на највисоките стандарди на изведба, естетика и издржливост.

Нашата цел е секој клиент – без разлика дали е професионалец или ентузијаст – да добие сигурност во изборот, техничка поддршка и производи што ја оправдуваат секоја инвестиција. Во Тинтура веруваме дека бојата не е само естетика – таа е израз на стил, грижа за просторот и одраз на квалитетот кој трае со години.

Нашата мисија

Нашата мисија е да поставиме нови стандарди во молерската индустрија во Македонија, нудејќи врвни решенија кои го олеснуваат работниот процес за професионалците и создаваат извонредни резултати за клиентите. Како партнер, Тинтура разбира дека брзината, прецизноста и сигурноста се клучни за успешен проект, а со премиум брендовите од Велика Британија нудиме лесни за примена производи кои го оптимизираат времето и ресурсите на мајсторите, обезбедувајќи долговечност и естетика.

Нашата визија

Тинтура има визија да стане водечки партнер и препознатлив бренд во создавањето на висококвалитетни и долготрајни простори, кои се совршено уредени со внимание на естетика, функционалност и комфор. Наша цел е да го редефинираме перцепцијата на бојата, не само како визуелен елемент, туку како основа за секој добро уреден простор. Со иновативни решенија за домови, деловни објекти и ХоРеКа секторот, Тинтура ќе биде првиот избор за професионалци и индивидуалци кои бараат квалитетни, лесно одржливи и долготрајни резултати.