Често поставувани прашања
Тука ќе ги најдете одговорите на најчестите прашања за Tintura.
Ако не го пронајдете тука одговорот на вашето прашање, контактирајте нè и ќе ви помогнеме брзо.
Која е разликата на Crown Trade во однос на обична боја?
Crown Trade е trade-grade линија создадена за професионален, предвидлив резултат. Разликата се гледа во конзистентноста, лесното нанесување, сигурната покривност и стабилен изглед по сушење. Има јасна логика по намена — Matt Vinyl за мирен и чист изглед, Eggshell за поголема издржливост, а Clean Extreme за простории со висока фреквенција каде се бара отпорност на дамки и влажно бришење.
Што значи „боја отпорна на влажно бришење“ и како да исчистам дамка без да го оштетам ѕидот?
Отпорна на влажно бришење значи дека бојата е формулирана да издржи чистење со влажна крпа без да се наруши изгледот на површината — Clean Extreme е создадена за такви услови: Класа 1 отпорност на влажно бришење и до 10.000 циклуси на чистење, со висока отпорност на дамки.
За чистење: почекај бојата да стврдне (идеално ~7 дена), па користи мека крпа/сунѓер + млака вода и сјај, па нежно избриши. Избегнувај абразиви, груби сунѓери и агресивни хемикалии.
Како да ја изберам вистинската нијанса?
Започни од тоа што веќе го имаш во просторот — мебелот, подот или деталите. Разгледај слики од пентериери што може да ти послужат како инспирација.
Со тон картите стесни го изборот на неколку нијанси, па нарачај tester pot. Бидејќи нијансата варира во зависност од осветлувањето во просторијата, пробај ја директно на твојот ѕид за сигурна одлука.
Како да пресметам колку боја ми е потребно?
За прецизна пресметка прво го избираме производот, бидејќи покривноста м²/л се разликува, а и состојбата на ѕидот влијае. Прати ни колку м² ќе бојадисуваш и ќе ти предложиме соодветен производ и точна количина во литри.
Кој финиш да го изберам?
Мат боите подобро ги прикриваат ситните нерамнини на ѕидот и даваат мек,
рамномерен изглед.
Боите со поголем сјај рефлектираат повеќе светлина и можат визуелно да ја осветлат просторијата.
Ако просторот е прометен, избери мат боја што е издржлива и отпорна на мокро бришење, за полесно одржување во секојдневието.
Секогаш земи ја предвид функцијата на собата.
Кога може да се спие во просторијата по бојадисување?
По нанесување, бојата минува низ фаза на сушење и формирање на стабилен слој, при што испаруваат вода и многу ниски количини на VOC. Се препорачува просторијата да се проветри додека бојата се суши.
Во пракса, најчесто може да се спие уште истиот ден, доколку просторијата е добро проветрена.
Дали имате молери?
Да. Тинтура соработува со проверени индивидуални молери и компании кои редовно работат со Crown производи и користат професионални алати за нанесување на бојата. Препораките ги даваме според типот на проектот и просторот.
Имам појава на мувла на ѕид што изгледа дека се влошува – како да постапам?
Најпрво треба да се обидете да утврдите од каде доаѓа водата/влагата што го создава влажното место на кое се развива мувлата. Откако ќе го запрете истекувањето или ќе го решите изворот на влага, третирајте ја површината со Sandtex Trade Fungicide, оставете да делува 24 часа, потоа измијте ја површината за да ги отстраните сите остатоци и оставете целосно да се исуши. Потоа можете да нанесете завршна боја по ваш избор.
Кој валјак или четки да ги користам?
За општа употреба со ѕидни бои, микрофибер валјак со средна должина на влакно (medium pile) носи најдобра количина боја и е најпрактичен за нанесување. За ултра мазен финиш на совршено рамна површина користете кратко влакно (short pile). Долго влакно (long pile) се користи за груби површини, како фасада/ѕидарија.
Можеби ќе ви треба телескопска рачка за скали или високи ѕидови, како и тенки/продолжени валјаци за тешко достапни места (на пример зад радијатори).
Користете поголема четка каде што валјакот не може да стигне, а потоа помали четки за рабови и агли за прецизен завршеток. Синтетички влакна се најдобри за водени бои, бидејќи не набабруваат кога се влажни. Природни влакна се препорачуваат за маслени/растворувачки бои, кога е потребен особено мазен финиш.