Color Lab
Сè што ви треба за сигурен избор на боја — од инспирација и прецизно усогласување, до тестирање „во живо“ пред финална одлука. Во Color Lab ќе најдете тон карти, алатки за визуелизација и професионални примероци за да проверите како нијансата изгледа во вашиот простор и осветлување.
Тон карта
Тон картата (Crown Paints Fandeck) е професионална палета со 1400+ бои, каде секоја нијанса има уникатен 6-цифрен SCAN® код (Hue / Lightness / Saturation) за прецизна и брза идентификација. Боите се организирани по семејства на нијанси и по ниво на заситеност (од поинтензивни до помирни), а на страниците се подредени по светлина од горе кон долу за лесна споредба.
Нудиме бесплатни тон карти примероци за професионални корисници. Контактирајте нè за проверка.
ColourKey
Crown ColourKey е џебен уред за скенирање боја кој, преку мобилна апликација, ви овозможува да измерите боја на речиси било која површина и веднаш да добиете најблиско совпаѓање од база со илјадници нијанси. Дизајниран е за работа на терен, дома или во канцеларија, кога ви треба брз и сигурен match.
Нуди повеќе избор и подобри резултати во споредба со слични алатки, благодарение на напредна оптика и висок CRI бели LED диоди, со над 92% точност од прв пат. Може да усогласува со Crown Paints бои, како и со British Standard, RAL и NCS стандарди. Дополнително, прикажува важни колор податоци како LRV, HEX, RGB, Lab/LCH и CMYK, и предлага готови колор шеми за лесно да изградите хармонични комбинации околу избраната нијанса.
А5 картички
PurePaint примероците се практични A5 однапред обоени картички што ви овозможуваат да ја видите бојата „во живо“ пред да донесете финална одлука. Идеални се за експериментирање со нови колор комбинации, за инспирација во тековни проекти, или за проверка како одредена нијанса изгледа во конкретна просторија и под различно осветлување. Процесот е едноставен: прелистајте ја онлајн палетата, изберете боја и нарачајте PurePaint примерок директно до вашиот простор — чисто и едноставно.
Тестер пот
Crown Colour Edit е внимателно курирана колекција создадена за да им помогне на архитекти и дизајнери при избор и спецификација на колор шеми за комерцијални и резиденцијални проекти. Бидејќи огромниот избор на бои може лесно да биде преоптоварувачки, Colour Edit нуди јасен, професионално селектиран старт.
Колекцијата содржи 160 разновидни нијанси, вклучувајќи 18 нови, уникатни нијанси, избрани со помош на предвидување трендови и 3D мапирање на боја. Colour Edit Card е достапна за бесплатна нарачка за професионалци и содржи примероци изработени со вистинска Crown Trade боја за најточен приказ. Картичката е организирана по семејства на бои и светлина, а секоја нијанса има свој SCAN код што ја идентификува преку нијанса, LRV (рефлексија на светлина) и заситеност.
Colour Visualiser
Crown Colour Visualiser е алатка што ви помага брзо и реално да тестирате бои пред финална одлука — без разлика дали работите на комерцијални простори, здравство, угостителство, едукација или станбени ентериери. Можете да прикачите ваша фотографија и да нанесете било која нијанса од целата Crown палета, со реалистичен приказ според осветлување, размер и перспектива. Лесно споредувајте бои на различни ѕидови и креирајте шеми што можете да ги преземете и споделите со колеги или клиенти. Идеално е и за рана концепт фаза и за финални презентации, за побрзи одлуки и посигурни разговори со клиентите. Достапно на desktop, tablet и mobile — пробајте го денес.