Микрофибер валјак со средно влакно – 10cm

Микрофиберот е еден од најуниверзалните материјали за ваљаци, главно поради својата мека структура, која овозможува нежен допир со површината и остава многу мала текстура од ваљак во нанесениот слој на боја.

За разлика од другите материјали, микрофиберот ја апсорбира бојата во самите влакна, што овозможува порамномерно впивање и ослободување на бојата низ целиот потег – со што се намалува потребата од дополнително распределување и се зголемува ефикасноста при работа.

Средното влакно (medium pile) е идеално за емулзиони бои на мазни и полумазни површини, како што се гипсани ѕидови, ѕидни плочи и тавани, како и за импрегнации на мазно обработено дрво.

  • Апсорбирачки микрофибер материјал кој овозможува повеќе впивање на боја во споредба со други синтетички ткаенини.
  • Обезбедува исклучително мазно и рамномерно ослободување, што значи помалку работа при распределување и поголема ефикасност при бојадисување.
  • Меката микрофибер ткаенина овозможува врвен финиш со минимална текстура од ваљак, дури и при нанесување на покривачки слоеви.
  • Со влакно од 12 mm (medium pile), овие ваљаци се идеални за емулзии и импрегнации за дрво, на мазни и полумазни внатрешни површини како ѕидови, тавани, гипсани плочи и дрвени елементи.

Контакт

За сите прашања и консултации околу изборот на најсоодветна боја, тип на производ и потребна количина, Ве молиме контактирајте нè.

Најпродавани производи